Зголемен меѓународен притисок врз Иран

Се зголемува меѓународниот притисок врз Иран со цел да го прифати нуклеарниот договор спонзориран од ОН и да се намали загриженоста дека нуклеарната програма на Техеран има за цел изработка на Атомско оружје. Шефот на Атомската Агенција на ОН, Мохамед Ел Барадеи, го повика Иран побрзо да одговори на предлогот иранскиот ураниум да се процесуира во странски земји пред да се користи во реакторите во Иран како гориво. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека за Техеран ова е клучен момент и дека прифаќањето на договорот ќе биде добра индикација дека Иран не сака да биде изолирана земја.