Прогноза за времето денеска- облачно и врнежливо

Времето ќе биде облачно проследено со врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во западните делови. На повисоките планински предели ќе има врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец, особено во утринските и претпладневните часови. Утринската температура е меѓу минус еден и шест, а дневната ќе биде од два до девет степени. Во Скопје ќе биде облачно проследено со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Утринската температура околу три, а дневната ќе достигне до пет степени.