Атлетичарот Болт вдомил гепард

Најбрзиот човек на светот, атлетичартот Јусеин Болт, денеска во Кенија вдомил мал гепард, најбрзото животно на светот. Болт на гепардот му го дал своето име. Болт е светски рекордер на 100 и на 200 метри трчање, а во Кенија учествува во кампањата за заштита на човековата средина.