Планот на ОН можност за меѓународна доверба на Техеран

Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед Елбарадеј денеска го повика Иран што е можно поскоро да одговори на понудениот договор за нуклеарната програма. Договорот понуден од страна на ОН, предвидува нискозбогатен ураниум од Иран да се испраќа на дозбогатување во Русија и Франција за понатамошните потреби на Техеран. Елбарадеј изјавил дека планот на ОН му нуди на Техеран можност да ја стекне меѓународната доверба. Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки претходно изјави дека технички комитет треба да го преиспита барањето на Обединетите нации