Помилувани 10 илјади затвореници во Таџикистан

Таџикистанскиот парламент ја одобри одлуката на претседателот да амнестира околу 10 илјади затвореници. Со одлуката за помилување се одбележува 15 годишнината од донесувањето на таџикистанскиот Устав. Со одлуката за амнестија, ќе бидат ослободени жени, малолетници , мажи постари од 55 години и воени ветерани. Осудениците кои имаат неколку обвиненија и насилниците нема да бидат помилувани. Со амнестијата се очекува да се намали пренатрупаноста во затворите.