Во Турција од свински грип починале 7 луѓе

Турското Министерство за здравство соопшти дека досега во Турција од свински грип починале седум луѓе. Трите последни жртви од новиот грип се деца кои имале проблем со хронични заболувања. Во Турција од денеска започна вакцинирањето против грипот. Први ќе бидат вакцинирани здравствените работници и муслиманите кои ќе одат на аџилак во Мека .