Во Иран забрането печатење на неделник

Иранската комисија за медиуми го забранила печатењето на еден неделник за економија, бидејќи ја критикувал економската политика на претседателот Махмуд Ахмадинеџад, јавува агенцијата ИРНА . Претставник на Комисијата изјавил дека донеле таква одлука, бидејќи неделникот го прекршил законот за печат.