Иранската револуционерна гарда ја предупреди опозицијата

Иранската Револуционерна гарда ја предупреди опозицијата да не ги користи анти –САД собирите за свои цели, јавува агенцијата ИРНА. Преставници на владината елитна организација изјавиле дека нема да дозволат било која група да користи лажни пароли и митинзи за свои демонстрации. Во среда на 3 ноември треба да се одржи мининг со кој ќе се одбележува 30 годишнината од заземањето на Американската амбасада во Техеран. Опозиционите лидери како Мир Хосеин Мусави и Мехди Кароби соопштија дека и тие имаат намера да одржат митинг во среда