Караџиќ утре ќе се појави на суд

Поранешниот лидер на босанските срби, Радован Караџиќ, утре ќе се појави во судницата на Хашкиот трибунал и ќе учествува во расправата околу тоа како да продолжи судењето кое го бојкотира од почетокот, изјавил неговиот асистент Марко Сладојевиќ. Караџиќ е обвинет за геноцид и злосторства против човештвото. Се очекува и утре да се спротистави на одлуката да му наметнат бранител. Караџиќ утре ќе се појави на суд, само затоа што расправата е „процедурална“, изјавил неговиот правен асистент.