Украина ќе го намали бројот на војници на Косово

Украина ќе го намали бројот на свои војници во Косово. Наместо досегашните 184, од наредната година ќе има 125 војници. Одлуката на Украина се совпаѓа со заедничката тенденција на командата на КФОР, да се намалат безбедносните сили во Косово. Украинските војници се присути во Косово од 1999-та година. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен во септември ја објави намерата да ги намали силите на КФОР од 15.000 на 10.000 од почетокот на идната година.