ОН се надеваат на брза одлука за изборите во Авганистан

Генералниот секретар на ОН , Бан Ки Мун денеска во Кабул изјави дека се надева оти одлуката за изборите во Авганистан ќе се донесе што е можно побргу. Изборната комисија соопши дека подоцна ќе донесе одлука за тоа дали да има втор круг како што е планирано, откaко противникот на Хамид Карзаи , Абдула Абдула се повлече од изборите.