Во Равалпинди загинаа 15 лица

Полицијата соопшти дека најмалку 15 лица загинаа во експлозија во Равалпинди каде што се наоѓа главниот штаб на пакистанските армиски сили. Засега не е јасна причината за експлозијата која одекна недалеку од хотел и во близина на армискиот штаб. Во нападите на милитантите во последниве неколку недели како одмазда на офанзивата на северозападот на Пакистан загинаа 250 лица.