Украина бара помош за справување со свинскиот грип

Украина упати итен апел до светските сили да и помогнат во борбата со свинскиот грип, откако во оваа земја 60 луѓе починаа поради проблеми со дишењето во една недела. Претседателот Виктор Јушченко побарал лекови и опрема од Америка, Европската унија, НАТО и соседите за да се прекине ширењето на вирусот А- Х1 Н1. Во меѓувреме, во Романија еден хотел е затворен откако 40 романски и странски студенти заболеле од вирусот.