Прогноза за времето- сончево, попладне наоблачување

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголемува. Попладне ќе почне да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се движи од минус седум до еден, а дневната ќе биде од два до 14 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 11 степени.