Коњановски:Нема отстапки за професионалните војници

Министерството за одбрана и Владата нема да направат отстапки во однос на барањата на професионалните војници, изјавил министерот за одбрана, Зоран Коњановски во интервју за МИА. Тој изјавил дека концептот активна резерва е одлично решение и за државата и за нив и е во согласност со стандардите на НАТО. Професионалните војници втор ден протестираат пред Владата и бараат продолжување на договорите за работа и по 38-та година до исполнување на условите за пензија, распоредување во други државни институции, како и право на остварување отпремнина во случај на престанок на работниот однос