Наскоро судење на бахаи верниците во Иран

На седум притворени бахаи верници обвинети за шпионирање за Израел, наскоро ќе им се суди во Иран, објави новинската агенција ИРНА. Бахаи верниците беа уапсени во 2008-та, а нивното судење беше одложено по барање на нивните адвокати. Иран ги обвини дека се поврзани со Ираелски групи и дека добиле наредба од еврејската држава да преземат мерки против исламскиот систем. Но претставниците на Бахаи верниците ги негираат обвинувањата.