Филипинските власти не платија за киднапираниот свештеник

Филипинските власти одбија да платат 2 милиони долари за ослободување на киднапираниот ирски свештеник, кој беше грабнат пред неколку недели . Властите изјавиле дека ќе се обидат на друг начин да го ослободат. Преку видео кое беше прикажано на националната телевизија, 79 годишниот мисионер ги повика властите да платат за да го ослободат киднаперите.