Во Авганистан ќе има избори

Помошниците на авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи велат дека втор круг на претседателски избори ќе има и покрај тоа што Абдула се повлече од процесот.Опозициониот кандидат за претседател на Авганистан, Абдула Абдула претходно објави дека се повлекува од изборите, бидејќи владата не исполнила минимум услови за фер избори. Абдула негираше дека повикал неговите приврзаници да не гласаат, велејќи дека луѓето сами треба да решат што да прават.