Абдула ги повика симпатизерите да не гласаат

Абдула Абдула ги повика неговите приврзаници да не гласаат на вториот изборен круг за претседател на Авганистан, кој треба да се одржи на 7 ноември. Опозициониот кандидат за претседател на Авганистан, Абдула Абдула претходно објави дека се повлекува од изборите. Тој пред своите подржувачи изјавил дека се повлекува од изборниот процес , бидејќи владата не исполнила минимум услови за фер избори. Абдула изјавил дека не му било лесно да ја донесе одлуката за повлекување од изборите