Европски компании во преговори за Набуко

Ирански официјален претставник изјавил денеска дека некои европски компании се во преговори со Иран да се приклучат на проектот Набуко. Гасоводот Набуко ,има за цел да се намали зависноста на земјите од ЕУ од руски гас. Европската унија планира да изгради 3.300 километри нафтовод за транспорт на гас од Блискиот Исток и Централна Азија.