Хрватскиот вице-премиер Поланчец поднесе оставка

Потпретседателот на хрватската влада и министер за стопанство Дамир Поланчец денеска поднесе оставка, која премиерката Јадранка Косор ја прифати. На прес конференција во Загреб, Поланчец истакна дека причина за оставката се аферите кои се отвораат за него во последно време и ги повика надлежните веднаш да покренат постапка ако имаат какви било докази. Поланчец е осомничен за малверзации со акциите на компанијата Подравка.