Вонредни мерки во Украина поради свински грип

Властите во Украина денеска наредија затворање на училиштата и ги забранија сите јавни случувања во наредните три недели поради првиот потврден смртен случај од свински грип. Премиерката Јулија Тимошенко најави дека ваквите мерки можат да бидат и продолжени ако е неопходно. Со нив се предвидува и ограничување на движењето на луѓето од еден во друг регион.