Авганистан и Пакистан најопасни за ОН

Генералниот Секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун ги повика авганистанската влада и меѓународната заедница да сторат повеќе за заштита на персоналот на Светската Организација во Авганистан по напад на талибански милитанти во Кабул во кој загинаа пет членови на нивниот персонал и тројца Авганистанци. Бан изјави дека се потребни дополнителни безбедносни единици во Авганистан за да се заштитат од заголемените закани за персоналот на Обединетите Нации. Според Бан Ку Мун Авганистан и Пакистан станаа најопасното место во светот за цивилниот персонал на Светската Организација.