Вчерашниот напад нема да ги одврати ОН од Авганистан

Соединетите држави и Обединетите нации соопштија дека вчерашниот напад во Кабул нема да ги одврати од нивните напори за стабилизирање на ситуацијата во Авганистан. Советот за безбедност го осуди нападот врз зградата во која се сместени службеници на Обединетите нации и во кои загинаа 11 луѓе.