Во Брисел, дводневен самит на ЕУ

Во Брисел денеска почнува дводневен самит на Европската унија на кој главни теми се климатските промени и критериумите за избор на претседател и на шеф на дипломатијата на Европската унија. Станува збор за две моќни функции кои се предвидени со Лисабонскиот договор. Во Брисел веќе започнале разговорите за можните кандидати за новите функции во Европската Унија. Претенденти за иден претседател се премиерите на Холандија и на Луксембург, Јан Петер Балкененде и Жан Клод Јункер, како и порашенниот британски премиер Тони Блер. За прв европски дипломат пак главни кандидати се сегашниот комесар за проширување Оли Рен и шефот на британската дипломатија Дејвид Милибанд.