САД пред нов закон за здравствена заштита

Демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес се очекува денеска да го обелоденат нивниот предлог закон за здравствената заштита. По неколкунеделни разговори зад затворена врата, синоќа демократите, како што соопштија, успеале да постигнат договор за законот за подобрување на здравственото осигурување во Соединетите држави. За овој закон Конгресот ќе расправа во идната недела.