Грузија ја обвинува Русија за повторни киднапирања на луѓе

Министерството за внатрешни работи на Грузија тврди дека руските граничари повторно киднапирале луѓе во Јужна Осетија . Според нив биле киднапирани 5 луѓе, со што бројот на киднапирани се зголеми на 21. Руските граничари пак велат дека ги уапсиле луѓето за нелегални премини на границата Министерство за надворешни работи на Грузија, испратилo протестна нота до Русија и бара итно ослободување на уапсените. Русија и Грузија ги прекинаa дипломатски односи , по кратката војна , минатата година.