Друцас:Ако сака Македонија да влезе во ЕУ мора да го реши спорот за името

Вршителот на должноста шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас денеска изјавил дека неговата земја сака сите земји од Балканот да влезат во ЕУ, но Македонија претходно треба да го реши спорот за името со неговата земја .Тој изјавил дека треба да се утврди датум до кога сите земји од Балканот треба да влезат во ЕУ, според него тоа би можело да биде 2014-та година.