Путин во документарец за Берлинскиот ѕид

Рускиот премиер, Владимир Путин кој работел како агент на советската тајна служба КГБ во Источна Германија во 1989 година кога падна Берлинскиот ѕид, во документарен филм ќе ги раскаже неговите доживувања за тоа време. Документарецот е направен од рускиот новинар Владимир Кондратеев, и ќе се прикаже во јавноста на 8 ноември, еден ден откако ќе се одбележи 20 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Во филмот се интервјуирани и поранешниот советски лидер Михаил Горбачов и поранешните лидери на Источна Германија.