Нема да има договор за климатските промени оваа година

Високиот претставник на ОН за климатски промени, Иво де Бур, оценил денеска дека е невозможно, оваа година да се постигне конечен договор за мерките против глобалното затоплување. Но дека сепак на конференцијата за климата,која треба да се одржи во декември во Копенхаген, мора да се утврдат основните принципи на договорот, изјавил Бур. Тој од лидерите на ЕУ побарал да објават колку пари ќе одвои Унијата за сиромашните земји за да можат да се борат со климатските промени.