Над 80 загинати во експлозија на бомба во Пешавар

Над 80 луѓе загинале, а околу 100 биле повредени во денешната експлозија на автомобил бомба на пазар во пакистанскиот град Пешавар. Ова е најсмртоносен напад во Пакистан годинава. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која пристигна во тридневна посета на Пакистан, нападот го оцени како брутален. На заедничката прес конференција со шефот на дипломатијата на Пакистан, Махмуд Куреши, Клинтон изјави дека Соединетите Држави цврсто го подржуваат Пакистан во битката против екстремизмот. Куреши додаде дека денешниот напад нема да ја запре владината офанзива против милитантите.