Талибанците со нов бран насилства во Авганистан

12 лица, меѓу кои и 6-мина странци загинаа во нападот на милитантите врз објект на Обединетите Нации во Кабул. Нешто подоцна, исто така во Кабул, две ракети биле истрелани врз еден хотел, во сопственост на странец, поради што гостите биле принудени да се засолнат во подрум. Одговорноста за нападот ја превзедоа талибанците, заканувајки се дека тоа е само вовед во насилствата што ги планираат пред вториот круг од претседателските избори, закажани за 7-ми ноември. Инаку, како што соопшти Белата Куќа, американскиот претседател Барак Обама денеска ќе има консултации со воениот врв за можноста од испраќање дополнителни војници во Авганистан.