Заврши собраниската расправа за извештајот на ЕК

Собранието на Македонија ја заврши расправата за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата кон ЕУ. Пратениците од опозицијата побараа власта да се посвети на клучните прашања што треба да се решат до 7 декември. Власта повика сите заедно да работат на исполнување на критериумите.