Во Белорусија осуден човек на смрт

Врховниот суд во Белорусија денеска осудил човек на смрт. Тој е осуден затоа што убил двајца чувари додека го ограбувал комбето со пари што тие го чувале. Белорусија е единствената земја во Европа која се уште извршува егзекуции. Извештаните на активистите за човекови права покажуваат дека повеќе од 400 луѓе биле погубени во Белорусија откако земјата стана независна во 1991 година. Смртната казна се извршува со застрелување на осудените во задниот дел од главата. Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко се противи на меѓународните повици да се откаже од смртна казна. Осудениот има 10 дена да поднесе жалба до претседателот за помилување. Лукашенко помилувал само една личност за време на своето 15-годишно владеење.