Процесот против Караџиќ ќе продолжи и без негово присуство

Судот за воени злосторства во Хаг, го продолжи судењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, во негово отсуство.Судијата О Гон Квон, изјавил дека тие одлучиле процесот да продолжи и без присуството на Караџиќ.
Правниот застапник на Караџик, Марко Сладојевиќ изјавил дека Караџиќ никогаш нема да прифати наметнат советник, како што бараше обвинителството. Караџиќ се соочува со 11 обвиненија за воени злосторства во периодот 1992-1995, за време на војната во БиХ, вклучувајќи го и масакрот на 8.000 муслимански мажи и момчиња во Сребреница.