Во Авганистан убиени 8 американски војници

Најмалку 8 американски војници и еден авгансистански цивил се убиени денеска во бомбашки напади во јужен Авганистан, соопштуваат претставниците на НАТО силите. Со овој инцидент , бројот на загинати војници во октомври се искачи на 55 што го прави овој месец најсмртоносен за американските сили откако се во Авганистан од 2001-та година.