Судот во Хаг му суди на Караџиќ во негово отсуство

Судот за воени злосторства во Хаг, го продолжи судењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, во негово отсуство. Караџиќ се соочува со 11 обвиненија за воени злосторства во периодот 1992-1995, за време на војната во БиХ, вклучувајќи го и масакрот на 8.000 муслимански мажи и момчиња во Сребреница. Караџиќ, кој се брани самиот, одби да присуствува на првиот ден од неговото судење , велејќи дека му треба повеќе време да се подготви. Тој и денеска продолжи да го бојкотира процесот. Правниот застапник на Караџик, Марко Сладојевиќ изјавил дека Караџиќ никогаш нема да прифати наметнат советник, како што бараше обвинителството.