Во офанзивата на Вазиристан, убиени 42 милитанти

Во последната фаза од офанзивата на пакистанската војска на Јужен Вазиристан, денеска се убиени 42 бунтовници, соопштила војската. На оваа офанзива која трае 11 дена, се гледа како на тест за тоа дали Пакистан е спремен и дали сака да се справи со екстремистите кои оперираат на северозападот од земјата.