ЕУ усвои нов план за помош на Авганистан

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, денеска во Луксембург усвоиле нов план за помош на Авганистан. Министрите се согласиле дека претходниот план не функционира , дека е потребна подобра координација и повеќе пари за помош на цивилите во Авганистан. ЕУ ги повика авганистансите власти порационално да ја користат помошта што им ја даваат. Европската комисија најавила дека следниот месец ќе одвојат дополнителни 300 милиони долари помош за Авганистан, како додаток на веќе планираните 1 милијарда долари што ги одвојуваат годишно за помош на Кабул.