ЕУ ја укина и последната санкција кон Узбекистан

Европската унија ги укина и последните санкции против Узбекистан. Министрите за надворешни работи на ЕУ, на состанокот во Луксембург, денеска одлучиле да го укинат ембаргото за оружје , за да ја охрабрат Владата на Узбекистан да работи на подобрување на човековите права и да овозможи владеење на правото во државата. Санкциите беа воведени откако Владата презеде остри мерки за задушување на демонстрациите во источниот град Андијон во 2005-та, при што според кажувањата на активистите за човекови права, биле убиени стотици луѓе. ЕУ пред една година ги укине визите за владините претставници. Европската унија се обидува да ги подобри односите со централно азиските држави. Узбекистан, им пружа поддршка на САД за воените операции во Авганистан.