Извештајот на ЕК пред македонските пратеници

Македонското Собрание на денешната седница ќе расправа за Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2009 година. Како што е познато во овој извештај на Комисијата се препорачува почеток на преговори за членство меѓу Македонија и Европската Унија. Дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите ке зависи од одлуката на Советот на Унијата во Декември.