Закажано судењето на Караџиќ во Хаг

Денеска продолжува судењето на Радован Караџиќ во Хаг. Караџиќ претходно се жалеше дека не бил подготвен за судењето, поради што процесот не се одржа во понеделникот. Тој е обвинет за 11 воени злосторства за време на војната во Босна од 1992 до 1995 година. Караџиќ се товари и за убиство на 8.000 муслимани во Сребреница.