Припадници на иранската револуционерна гарда нелегално влегле во Пакистан

Најмалку 11 припадници на иранската Револуционерна гарда се уапсени денеска додека се обидувале нелегално да преминат во Пакистан, соопштуваат пакистанските власти. Инцидентот доаѓа на неколку денови откако во експлозија на бомба загинаа 42 луѓе меѓу кои и 6 припадници на револуционерната гарда во Иран. Приврзаниците на движењето „Божји војници“ за кои Техеран обвини дека оперираат од Пакистан ја презедоа одговорноста на нападот.