Протести за побрзо отпочнување на процесот за Караџиќ

Поранешниот лидер на босанските срби, Радован Караџиќ, денеска не се појави на почетокот на неговото судење во Хашкиот трибунал. Судењето е одложено за утре, но Караџиќ најавил дека нема ни утре да се појави во судницата.Трибуналот треба да се реши како да го продолжи судењето на Караџик кој 13 години се криеше од судот во Хаг. Пред судот денеска протестирале повеќе од 150 луѓе, роднини на масакрираните во периодот на војната во БиХ. Тие извикувале, „Европо засрами се“. Групата барале процесот побргу да се заврши и правдата да биде задоволена.