Во Јужен Вазиристан убиени 19 милитанти

Пакистанските сили денеска убиле 19 милитанти во Јужен Вазиристан, соопштил воен претставник. За да го отргнат вниманито на пакистанските сили, бунтовниците започнале напади во северозападниот регион. Како контра напад на офанзивата во Јужен Вазиристан, бунтовниците презедоа низа насилства низ целата земја, по што властите наредија затворање на сите училишта и колеџи, но некои од нив денеска работеле.