Шефовите на дипломатиите на ЕУ за ситуацијата во БиХ

Во Луксембург денеска почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија на кој ќе стане збор за ситуацијата во Босна и Херцеговина. Еврокомесарот за проширување Оли Рен и шефот на шведската дипломатија Карл Билд ќе ги информираат министрите за текот на разговорите со босанските политички лидери во Бутмир. Од Европската комисија е најавено дека Босна и Херцеговина ќе биде единствената тема на седницата посветена за Западен Балкан.