Поплави во Грција

Обилните дождови, што во текот на викендов ја зафатија речиси цела Грција, предизвикаа поплави во областите Пиерија и Иматија. Десет луѓе останаа заробени во своите автомобили што поради невремето излетаа од патиштата. Поплавени се многу куќи и продавници, а инфраструктурата, складиштата и системот за наводнување претрпеа значителна штета.