Во Нигерија 15 илјади бунтовници го предале оружјето

Министерот за одбрана на Нигерија денеска изјавил дека повеќе од 15 илјади милитанти го предале своето оружје. Тој изјавил дека бројките се уште не се конечни иако рокот за амнестирање на бунтовниците истече на 4 октомври, тие сеуште се надеваат дека има уште бунтовници кои ќе го предадат оружјето.