Шпанија и Франција нема да ја користат воената база во Киргистан

Шпанските и француските сили биле присилени да ја напуштат воздухопловната база во Киргистан, што ја користат за мисијата во Авганистан, откако Киргистан одби да го продолжи договорот за користење на базата. Никој не бил достапен од Министерството за одбрана на Шпанија да го потврди извештајот.