Протест против скрвнавење на Куранот во Авганистан

Авганистанската полиција успела со истрели во воздух, да се справи со демонстратните кои протестирале против скрвнавење на Куранот. Демонстрантите се собрале во главниот град Кабул, за да го изразат своето незадоволство бидејќи странските војници изгореле копија на најсветата книга за муслиманите ,Куранот, при рација во провинцијата Маиден Вардак, минатата недела. Портпаролката на заедничките американски и НАТО сили изјавила дека ниту еден од нивните војници не бил вклучени во такви инциденти и ги обвини Талибанците дека шират невистини.